PUBLIC, PRIVATE AND NGO SECTOR INFORMED OF THE PLANS AND CHALLENGES WITH THE IMPLEMENTATION OF POLICIES AND MECHANISMS FOR CLIMATE PROTECTION IN NORTH MACEDONIA
PUBLIC, PRIVATE AND NGO SECTOR INFORMED OF THE PLANS AND CHALLENGES WITH THE IMPLEMENTATION OF POLICIES AND MECHANISMS FOR CLIMATE PROTECTION IN NORTH MACEDONIA
On November 6, 2024, the USAID Partnerships for Economic Growth Activity in cooperation with the Center for Development Policies IDEAS DePo organized the informative event on the Implementation of the Monitoring, Reporting, Verification and Accreditation (MRVA) System for GHG Emissions and the EU Carbon Border Adjustment Mechanism (CBAM) in North Macedonia.
The event was attended by close to hundred representatives of the public, private and NGO sector. Its main goal was to share with participants information on the reforms for reducing GHG emission levels and addressing climate changes that North Macedonia plans to implement in line with the EU acquis and to discuss short- and long-term effects of these activities.
Tomasz Karpinski from the Energy Community Secretariat presented the objectives and the architecture of the system for monitoring and reporting GHG emissions in the European Union, while Teodora Obradovic Grncarovska, State Counselor at the Ministry of Environment and Physical Planning elaborated the activities for establishment of this system in North Macedonia by the end of 2025 and in line with the deadlines agreed in the Reform Agenda. Sloboden Chokrevski, the Director of the Institute for Accreditation informed participants of the plans for development of a system for accreditation of bodies for verification of GHG emission data.
USAID’s Partnerships for Economic Growth Activities presented the findings of the report assessing the effects of the EU Carbon Border Adjustment Mechanism (CBAM) introduced by the European Union and recommending policies that North Macedonia should implement for addressing them. The event completed with a panel where the academia and the private sector discussed the effects of CBAM implementation on country’s foreign trade patterns and exports, as well as the challenges that the mechanism creates for small and medium companies in the country.
***
ПОЛИТИКИТЕ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОЛИТИКИТЕ И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
На 6 ноември 2024 година, Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст во соработка со Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо организираа информативен настан на тема „Имплементација на системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација (MRVA) на емисии на стакленички гасови и механизмот на ЕУ за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) во Северна Македонија“.
На настанот учествуваа околу 100 претставници на јавниот, приватниот и невладиниот сектор и негова основна цел беше учесниците да се запознаат со реформите за намалување на емисиите на стакленички гасови и справување со климатските промени кои во нашата земја ќе се имплементираат во согласност со законодавството на ЕУ и да се разменат мислења за краткорочните и долгорочните ефекти од овие активности.
Томаж Карпински од Секретаријатот на Енергетската заедница ги елаборираше целите и основите на системот за мониторинг и известување на емисиите на стакленички гасови во Европската унија, додека Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, државен советник во Министерството за животна средина ги претстави активностите за воспоставување на овој систем во Република Северна Македонија до крајот на 2025 година, во согласност со обврските превземени со Реформската агенда. Слободен Чокревски, директор на Институтот за акредитација ги запозна учесниците со плановите за развивање на системот за акредитација на субјекти кои ќе вршат верификација на податоците за емисиите на стакленички гасови.
Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст ги презентираше наодите од анализата за влијанието од воведувањето на Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) од страна на Европската унија, како и препораките за соодветен институционален одговор во Република Северна Македонија. Настанот заврши со панел на кој беа изложени ефектите од имплементацијата на CBAM врз надворешно-трговските текови и извозот, како и главните предизвици кои ги создава CBAM за малите и средни извозни претпријатија во земјата.