• +389 02 316 3600
  • info(at)ideasdepo.mk
  • Mon - Fri: 09.00 - 17.00
  • October

    7

    2024

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС – Поддршка на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) од секторите железо, челик и алуминиум за изготвување на извештаи согласно Механизмот на ЕУ за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) / Ревидиран

Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст имплементирана од Palladium International соработува со своите партнери во насока на поттикнување на потенцијалот за раст, продуктивност и вработување на микро, малите и средни претпијатија (ММСП) во Северна Македонија. Компонента 4 на Активноста, која ги поддржува напорите на земјата за регионално економско интегрирање е имплементирана од страна на Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо.

ИДЕАС ДеПо го објавува овој повик за да ги покани микро, малите и средни претпијатија (ММСП) кои се дел од секторите железо, челик и алуминиум во Северна Македонија да се пријават за поддршка за исполнување на нивните обврски за известување согласно Механизмот на ЕУ за јаглеродно гранично прилагодување (EU Carbon Border Adjustment Mechanisms – CBAM).

1. Контекст

Еропската унија спроведува амбициозна агенда да ги намали јаглеродните емисии за 55% (во однос на нивото од 1990) до 2030 година и да стане климатски неутрален континент до 2050 година. Спроведувањето на регулаторните барања за достигнување на овие важни цели има висока цена и може да има негативно влијание врз конкурентноста на стоките произведени во ЕУ во однос на оние произведени во државите со поблаги климатски политики и со тоа да доведе до таканаречено „истекување на јаглеродот“.

За да се справи со „истекување на јаглеродот“, ЕУ го воведе Механизмот за јаглеродно гранично прилагодување – алатка создадена да обезбеди плаќање на правична цена при увоз во ЕУ на определени категории на јаглеродно-интензивни производи која реално го отсликува количеството на јаглеродни емисии генерирани при нивното производство во трети земји.

CBAM започна да се применува на 1 октомври 2023 година. Во тек на преодната фаза на имплементација која ќе трае до 31 декември 2025 година, увозниците во ЕУ нема да ја плаќаат давачката за прилагодување, туку само врз квартална основа ќе ги пресметуваат јаглеродните емисии содржани во засегнатите производи и ќе известуваат за нив. Обврската за плаќање на давачката за прилагодување ќе започне на 1 јануари 2026 година.

2. Идентификување на предизвикот

Според Регулативата за спроведување на Механизмот на ЕУ за јаглеродно гранично прилагодување во текот на преодната фаза усвоена во август 2023 година, одговорноста за изготвување на извештаите за јаглеродните емисии содржани во стоките кои се увезуваат во Европската унија ја има увозникот. Меѓутоа, најголем дел од податоците за изготвување на тие извештаи треба да ги обезбедат производителите на тие стоки од земји надвор од ЕУ.

Во моментов CBAM се применува на увоз на следните категории на стоки чие производство е јаглеродно-интензивно и предизвикува висок ризик од истекување на јаглеродот: железо и челик, алуминиум, цемент, вештачки ѓубрива, електрична енергија и водород. Со оглед на структурата на македонската економија и постојните трговски обрасци, индустрија која се очекува да биде најзасегната од CBAM е производството на железо и челик и, донекаде, производството на алуминиум.

CBAM наметнува комплексни барања за известување за компаниите од Севрна Македонија кои своите производи ги извезуваат во ЕУ. Многу од нив, особено оние кои спаѓаат во категоријата на ММСП, го немаат потребното знаење и капацитет да ги исполнат овие нови барања, што може значително да ги загрози нивните деловни односи со партнерите од ЕУ. Доколку не достават квалитетни податоци за емисиите на јаглерод содржани во нивните производи во бараната форма и навреме за изготвување на кварталните извештаи за CBAM, тие ризикуваат да ја изгубат својата позиција на европскиот пазар.

3. Опфат на поддршката

Препознавајки ги овие предизвици, Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст и ИДЕАС ДеПо ќе ги поддржат ММСП во текот на преодниот период на имплементација на CBAM со тоа што ќе им помогнат при изготвување на нивниот инпут за кварталните CBAM извештаи и ќе го зајакнат нивниот капацитет во оваа област. Поддршката вклучува кофинансирање на консултантски услуги за следното:

  • Изготвување на инпут за најмногу два последователни квартални CBAM извештаи за едно ММСП;
  • Зајакнување на капацитетот на ММСП во насока на негово оспособување во иднина да продолжи самостојно да ги изработува извештаите.

Обврската за кофинансирање подразбира дека секое поддржано ММСП да покрие 20% од цената на претходно-наведените консултантски услуги. Преостанатите 80% ќе бидат покриени од Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст.

Консултантските услуги ќе бидат испорачани од страна на даватели на услуги кои имаат склучен договор со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст.

Целта на овој повик за изразување интерес е да ги покани компаниите кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите да се пријават за поддршката.

4. Критериуми и барања кои треба да ги исполнат компаниите

  • Правно лице регистрирано во Република Северна Македонија;
  • Ги задоволува критериумите за микро, мало или средно претпријатие наведени во член 470 од Законот за трговските друштва;
  • Произведува и извезува во ЕУ производи од железо и челик или алуминиум кои се наведени во Анекс 1 на Регулативата за CBAM 2023/956 од 10 мај 2023 година:

https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:32023R0956

За да ја добие поддршката, покрај задоволување на формалните критериуми наведени претходно, компанијата мора да се согласи да:

  • Кофинансира 20% од цената на консултантските услуги опишани во делот 3 погоре; и
  • Назначи барем еден вработен да работи со консултантите во текот на изготвувањето на инпутот за кварталните CBAM извештаи, со што би се зајакнал капацитетот на компанијата во однос на постапката за известување.

5. Постапка за пријавување

Пријавите поднесени согласно овој повик за изразување интерес треба да ги содршат следните документи:

  • Писмо во кое се изразува интересот на компанијата да ја искористи поддршката под условите наведени во овој повик и се именува контакт лице за понатамошна комуникација;
  • Доказ дека компанијата е регистрирана во Република Северна Македонија и дека ги задоволува критериумите за микро, мало или средно претпријатие од член 470 од Законот за трговските друштва.

Ве молиме да ја поднесете својата пријава во електронска форма на [email protected] (subject: CBAM Assistance for MSMEs).

Овој повик е отворен до 30 јуни 2025 година или до потполно искористување на средствата предвидени за оваа намена, во зависност од тоа што ќе се случи прво.

Повик за компании – CBAM Извештаи

© Copyright 2022 IDEAS DePo