ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈНИ ПОЛИТИКИ ИДЕАС ДЕПО ВРАБОТУВА ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ
ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈНИ ПОЛИТИКИ ИДЕАС ДЕПО е невладина, непрофитна организација од Скопје, Република Северна Македонија која е формирана во 2015 година со цел да биде доверлив партнер на јавниот и приватниот сектор во обезбедување на потребна експертиза во процесот на креирање и имплементација на регулаторни и економски реформи во земјата и регионот. ИДЕАС ДеПо работи на подобрување на капацитетите на јавниот и приватниот сектор за поефикасна имплементација на потребните реформи и подобрување на бизнис и регулаторното опкружување, воспоставува механизми за транспарентно и ефикасно креирање на економски политики и го зајакнува јавно-приватниот дијалог помеѓу релевантните чинители.
ИДЕАС ДеПо од почетокот на своето постоење има спроведено повеќе проекти во различни области, а во моментов најголем фокус на организацијата се двата проекти кои се финансирани од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) – Активноста Партнерства за економски раст и Проект за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
За потребите на своето секојдневно работење, ИДЕАС ДеПо има потреба од ангажирање на лице кое ќе ја извршува функцијата: ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ.
ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА
Примарна одговорност на проектниот асистент е да ги извршува административните задачи и да работи директно со тимот за управување со проектот. Проектниот асистент ќе ги извршува административните должности со собирање податоци, сортирање, поднесување и испраќање проектни документи до соодветниот персонал, консултанти и засегнати страни. Асистентот на проектот, исто така, ќе обезбеди помош во секојдневните задачи и активности и ќе обезбеди непречена комуникација помеѓу сите релевантни страни вклучени во проектите.
Проектниот асистент ќе води евиденција за сите информации поврзани со извршување на проектите и ќе му помага на тимот за управување со проекти. Проектниот асистент ќе биде одговорен за подготовка и следење на состаноците и презентациите, соодветно ќе ги поднесува сите проектни документи, извештаи и записници, ќе ги извршува задачите што ги бара проектниот менаџер за поддршка на потребите на проектот и ќе работи во соработка со проектниот менаџер и со целиот проектен тим, придонесувајќи во целокупниот животен циклус на проектот.
Проектниот асистент ќе биде ангажиран и за одредени задачи и активности од областа на внатрешна и надворешна комуникација, што може да вклучи комуникација со лица за комуникaција од донатори, други организации и медиуми, како и подготовка на содржина и одржување на социјални мрежи и веб страница поврзани со активностите на проектите.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование (предност ќе имаат кандидатите со завршен економски, правен или факултет за бизнис администрација)
- Претходно искуство со програми/проекти финансирани од УСАИД и/или програми на други меѓународни организации ќе се смета за предност.
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ
- Усна и писмена комуникација на англиски јазик
- Добри комуникациски вештини и тимски дух
- Структуриран начин на работа
- Високо ниво на лична одговорност и самодисциплина
- Соодветно управување со чувствителните информации и одржување доверливост
- Способност за извршување на работните задачи во зададени рокови
- Високо организиран/а со осврт и внимание на детали и проактивен
- Средно ниво на познавање и работа со програмите на Microsoft Office како Excel и Word
- Подготовка на содржини и одржување на веб страници и социјални мрежи ќе се смета за предност
- Способност за работа во тим или самостојно по потреба
Ве молиме аплицирајте со испраќање на вашето CV и мотивационо писмо (на македонски или англиски јазик) на е-пошта: info@ideasdepo.mk со наслов: Проектен асистент.
Краен рок за поднесување на апликации: 8 јули 2024.
Најдобрите кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Некомплетните апликации нема да се земаат во предвид.