• +389 02 316 3600
  • info(at)ideasdepo.mk
  • Mon - Fri: 09.00 - 17.00
  • April

    3

    2022

Центарот за развојни политики IDEAS DePo бара проектен асистент

ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА

Примарна одговорност на проектниот асистент е да ги извршува административните задачи и да работи директно со тимот за управување со проектот. Тој/таа ќе ги извршува административните должности со собирање податоци, сортирање, поднесување и испраќање проектни датотеки до соодветниот персонал, консултанти и засегнати страни. Асистентот на проектот, исто така, ќе обезбеди помош во секојдневните задачи и активности и ќе обезбеди непречена комуникација помеѓу сите релевантни страни вклучени во проектите.

Проектниот асистент ќе води евиденција за сите информации поврзани со проектот за документација, појаснување и презентација на тимот за управување со проекти, ќе комплетира нацрт-проект-идеи. Тој/таа ќе биде одговорен/а за внатрешна и надворешна комуникација, подготовка и следење на состаноците и презентациите, соодветно ќе ги поднесува сите проектни документи, ќе ги извршува задачите што ги бара проектниот менаџер за поддршка на потребите на проектот, ќе работи во соработка со проектниот менаџер и тимот за максимизирање на продуктивноста, соработување со целиот проектен тим, придонесувајќи во целовкупниот животен циклус на проектот.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование ќе се смета за предност
  • Претходно искуство со програми финансирани од УСАИД и/или програми на други меѓународни организации ќе се смета за предност.

ВЕШТИНИ

  • Усна и писмена комуникација на англиски јазик
  • Добри комуникациски вештини и тимски дух
  • Структуриран начин на работа
  • Високо ниво на лична одговорност и самодисциплина
  • Соодветно управување со чувствителните информации и одржување доверливост
  • Способност за извршување на работните задачи во зададени рокови
  • Високо организиран/а со осврт и внимание на детали
  • Средно ниво на познавање и работа со програмите на Microsoft Office како Excel и Word
  • Способност за работа во тим или самостојно по потреба
  • Искусен, проактивен проектен асистент за соработка со нашиот тим на конкретни краткорочни и долгорочни проекти

Ве молиме аплицирајте со испраќање на вашето CV и мотивационо писмо на е-пошта: info@ideasdepo.mk со наслов: Проектен асистент

Краен рок за поднесување на апликации: 17.04.2022

Некомплетните апликации нема да се земаат во предвид.

© Copyright 2022 IDEAS DePo