• +389 02 316 3600
  • info(at)ideasdepo.mk
  • Mon - Fri: 09.00 - 17.00
  • June

    7

    2024

Продолжување на рокот за повикот за апликации – Програма за млади професионалци

 

УСАИД проект за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

 

Програма за млади професионалци

 

 

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите бара мотивирани, организирани и посветени на резултати, млади професионалци или студенти на додипломски/постдипломски студии кои ќе служат како практиканти во една од наведените партнер општини: Чучер Сандево, Желино, Крушево, Карбинци и Пехчево. Тој/таа ќе соработува тесно со одделот за администрирање на локалните даноци и такси и ќе спроведе задачи поврзани со прибирање, подготовка за обработка и анализа на податоците за данокот на имот.

 

Проектот ги поддржува партнер општините да ги зголемат своите капацитети за собирање приходи од сопствени извори, пристап до надворешни извори за финансирање и планирање и извршување на буџетот.

 

Избраните млади професионалци ќе склучат договор со Проектот на УСАИД за обезбедување поддршка на општината која тој/таа ја претпочита, во ажурирањето и унапредувањето на тековната база на податоци за данокот на имот и комуналните такси, како и целокупниот систем на даночна администрација, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • Канцелариски и теренски активности за идентификација и регистрација на недвижен имот.
  • Ажурирање на податоците во локалниот систем за администрирање на даноци.
  • Поддршка на одделот за администрирање на локалните даноци и такси при изготвување/пополнување обрасци за даночна администрација во согласност со Законот за даноците на имот и Законот за комунални такси.
  • Придонес кон промовирање на локалната јавна кампања за зголемување на мотивацијата на даночните обврзници за плаќање на даноци и информирање како се трошат нивните пари.
  • Други задачи доделени од Градоначалникот и/или раководителот на даночното одделение.

Младите професионалци ќе добијат почетна обука и постојано менторство од тимот на Проектот. Времетраењето на Програмата за млади професионалци е 6 (шест) месеци, почнувајќи од 20-ти јуни  2024 година или веднаш по завршување на процесот на избор на најподобни кандидати.

 

Посакувана образовна подготовка се: техничките науки, бизнис или јавна администрација, економија, право или други сродни занимања. Ангажирање ќе се преговара за 6-8 часа на работен ден со соодветна компензација. Трошоци за транспорт нема да бидат обезбедени.

 

Заинтересираните кандидати се очекува да испратат CV и мотивационо писмо најдоцна до 13.06.2024 година до 16:00 часот на електронската адреса: info@ideasdepo.mk и да го наведат името на општината за која се заинтересирани.

 

 

 

© Copyright 2022 IDEAS DePo