Последен спомен за Горан Лазаревски
Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо со неверување и длабока тага ја прими веста за ненадејното заминување на Горан Лазаревски, еден од основачите на ИДЕАС ДеПо, нејзин прв извршен директор, голем поддржувач и активен член на организацијата. Горан заедно со голем дел од нас започна да соработува уште во средината на 2000те, а потоа стана и дел од нашиот тим на еден од проектите на УСАИД кој го раководеше фирмата Booz Allen Hamilton. Оттогаш, Горан беше непрекинато присутен во нашите животи со својата посветеност во работата и професионалност, со добрината и способноста на мирен начин да ги реши сите предизвици, со својот ведар дух, интелигентен смисол за хумор, со својата широкоградост и добрина. Неизмерна е тагата, преголема е загубата за нашиот другар, пријател, колега. Поранешните и сегашни колеги на Горан ја искажуваат својата неизмерна тага и загуба и сочувство до семејството. Драг наш Горан, засекогаш ќе останеш во нашите срца и мисли.