Барање/Повик за доставување на понуди за изработка на видео, постер, леток и кратки продукти за социјални медиуми
Проект на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите
Предмет: Барање/Повик за доставување на понуди за изработка на видео, постер, леток и кратки продукти за социјални медиуми
Преку повикот ќе се избере понудувач за изработка на видео, леток, постер, ГИФ, објави наменети за социјални медиуми (фб), сите во формат соодветни за дистрибуција и преку социјални медиуми, во рамки на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите (USAID Strengthening Resource Mobilization Activity) имплементиран од DT Global Ink., од САД, подружница Скопје во период јануари 2021-јануари 2026 година.
Опис на проектот
Материјалите што треба да се изработат со овој повик се во рамки на кампања која има за цел да ги информира граѓаните, општините, граѓанските организации, деловниот сектор, институциите и други чинители за важноста и придобивките на транспарентноста на локално ниво, односно за придобивките и значењето од користење на веб-страницата на општината преку примена на Кодексот за транспарентност на локално ниво достапен на https://mls.gov.mk/images/files/kodeks.pdf.
Избраниот понудувач ќе треба да изработи:
- Видео во должина до 90 секунди преку кое на креативен и привлечен начин ќе ги претстави придобивките и значењето од користење на веб-страницата на општината преку примена на Кодексот за транспарентност на локално ниво, како за граѓаните така и за општината. Во видеото ќе биде претставена општина како пример за транспарентност на локално ниво, преку користењето на општинската веб-страница (придобивките кои ги имаат граѓаните во оваа општина наспроти општините каде што користење на веб-страницата на општината не е на задоволително ниво).
Видеото треба да биде соодветно за промоција на социјалните медиуми и ТВ и изработено во адекватни формати.
- Информативен леток наменет за информирање на граѓаните, општините и јавноста, кој ќе содржи информации за важноста и придобивките од примената на Кодексот за транспарентност на локално ниво и ќе содржи одговори на следните прашања:
- Што е транспарентност на локално ниво?
- Како преку користење на Кодексот за транспарентност на локално ниво до подобрување на транспарентноста на локални ниво?
- Што е целта на Кодексот за транспарентност на локално ниво?
- Категории на информации кои треба да бидат објавени од страна на општините на нивните веб-страници (QR код и линк адреса до комплетниот документ Кодекс за транспарентност на локално ниво).
- Кои се придобивките за граѓаните и општината од примената на Кодексот за транспарентност на локално ниво?
- 5-те чекори за подобрување на транспарентноста на локално ниво:
5.1. Комуницирајте почесто,
5.2. Обезбедете онлајн портали за јавноста,
5.3. Негувајте култура на транспарентност,
5.4. Јасно објаснете ги финансиите на локално ниво,
5.5. Добијте повратни информации од граѓаните.
- Како може транспарентноста на локално ниво да го подобри одлучувањето и да ја зголеми довербата на јавноста?
- Која е улогата на јавноста во промовирањето на транспарентноста на локално ниво?
- Постери – Наменети за информирање на граѓаните и општините кој ќе содржи информации за важноста и значењето од користење на веб-страницата на општината преку примена на Кодексот за транспарентност на локално ниво.
- Слоган за придобивките и значењето од користење на веб-страницата на општината преку примена на Кодексот за транспарентност на локално ниво.
- Формат за размена на графика со слоганот на кампањата (“GIF” Graphics Interchange Format).
- QR code, односно линк до документот Кодекс за транспарентност на локално ниво.
Делокруг на работа
Видео
- Разработка на сценарио и креативен идеен концепт за претставување на општина како пример за транспарентност на локално ниво, преку користењето на општинската веб-страница (придобивките кои ги имаат граѓаните во оваа општина наспроти општина каде што користење на веб-страницата на општината не е на задоволително ниво),
- Подготовка на видеото со нарација и титл на македонски јазик,
- Подготовка на синхронизација и титл на албански и англиски јазик со превод (на албански и англиски јазик), доставен од Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите,
- Нарацијата на македонски и албански јазик да биде обезбедена од понудувачот,
Информативен леток
- Подготовка на текст (за до 5 (пет) различни информативни летоци) кои на јасен, разбирлив и привлечен начин ќе ја претстават важноста на примената на Кодексот за транспарентност на локално ниво односно на важноста на транспарентноста на локално ниво и придобивките за општините и граѓаните,
- Изработка на креативен и привлечен дизајн на летоците,
- Подготовка на летоци на албански јазик, со превод доставен од Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
- Печатење на (до 5 (пет) различни) летоци, во колор во А4 димензија преклопени на половина.
ГИФ
Изработка на графика со слоганот на кампањата (“GIF” Graphics Interchange Format).
QR code
Креирање на линк до документот Кодекс за транспарентност на локално ниво на соодветните јазици
АЛБ- https://mls.gov.mk/images/files/Kodi%20i%20transparences%20ne%20nivel%20lokal_AL.pdf
Објави (постови) за ФБ
Изработка на постови со клучни пораки наменети за граѓаните, деловниот сектор, невладини организации од една страна и општината од друга страна, во контекст на придобивките од подобрена транспарентност. Пораките треба да бидат јасни, концизни, изработени на лесно разбирлив јазик.
- 5 (пет) пораки на македонски јазик
- 5 (пет) пораки на албански јазик
Објавување на постовите и останатите материјали е обврска на Проектот.
Постер
Подготовка и дизајн на постери (до 3 (три)Ф различни модели) во две димензии (50x70cm и 100x70cm) наменети за информирање на граѓаните и општините кои ќе содржат информации за важноста и значењето од користење на веб-страницата на општината преку примена на Кодексот за транспарентност на локално ниво.
- Електронска верзија од постерите на македонски и албански јазик (поединечно),
- Урнеци од електронската верзија на македонски и албански јазик (поединечно),
- Печатена верзија на постерите со димензии 50 cm x 70cm на македонски и албански јазик – (на македонски – 3х400 копии) и (албански – 3х200 копии), вкупно печатени копии – 1800.
- Печатена верзија на постерите со димензии 100cm x 70cm на македонски и албански јазик– (на македонски – 3х400 копии) и (албански – 3х200 копии), вкупно печатени копии- 1800.
Испораки
- Слоган за придобивките и значењето од користење на веб-страницата на општината преку примена на Кодексот за транспарентност на локално ниво на македонски и албански јазик,
- Изработка на графика со слоганот на кампањата – GIF,
- 10 oбјави (постови) наменети за ФБ,
- 1 (едно) видео со нарација и титл на македонски јазик во должина до 90 секунди во HD 1080p квалитет,
- 1 (едно) синхронизирано видео со нарација и титл на албански јазик во должина до 90 секунди во HD 1080p квалитет, врз основа на видеото и нарацијата од претходната точка,
- 1 (едно) синхронизирано видео со нарација на македонски јазик и титл на англиски јазик во должина до 90 секунди во HD 1080p квалитет, врз основа на видеото и нарацијата од претходната точка,
- Подготовка (дизајн) на до 5 (пет) различни информативни летоци на македонски јазик во А4 (превиткани на половина) во колор дизајн во pdf формат. Печатење во количина од 41000 копии (колор, А4- превиткани на половина),
- Подготовка (дизајн) на до 5 (пет) различни информативни летоци на албански јазик во А4 формат (превиткани на половина) во колор дизајн (со иста содржина и дизајн со информативните летоци на македонски јазик) во pdf формат. Печатење во количина од 9000 копии (колор, А4-превиткани на половина),
- До 3 (три) урнек постери на македонски јазик во пдф формат,
- До 3 (три) урнек постери на албански јазик во пдф формат (со иста содржина и дизајн како урнекот постерите изработени на македонски јазик),
- До 3 (три) постери на македонски јазик во пдф формат. Печатење на количина од 1200 колор копии, во формат 50/70 cm; и 1200 колор копи во формат 70/100 cm,
- До 3 (три) постери на албански јазик во пдф формат (со иста содржина и дизајн како постерите изработени на македонски јазик). Печатење на количина од 600 копии во формат 50/70 cm; и 600 копии во формат 70/100 cm.
Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со тимот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Во фаза на дизајн на постерите и летоците, тимот на Проектот ќе одлучи за бројот на (различни) постери но не повеќе од три и за бројот на различни летоци но не повеќе од пет и на македонски и на албански јазик.
При имплементирање на активностите потребно е да се одржуваат состаноци со претставници на Проектот и треба да се применуваат правилата за видливост на донаторот кои дополнително ќе бидат доставени.
Работен јазик на овој ангажман е македонски.
Временска рамка
Испорака на услугите ќе се случува во временска рамка:
- Отпочнување со координација со тимот на Проектот за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, најдоцна десет работни дена по потпишување на договорот.
- Доставување на пред финални производи најдоцна до 30 ноември 2023 г.
- Доставување на финалните производи со вклучени сугестии од тимот на Проектот Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите најдоцна до 31 јануари 2024 г.
Сопственост
Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Надомест
Вкупниот надомест за извршените услуги не треба да ја надминува сумата од 610.000,00 денари.
Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ со што понудувачот е должен да обезбеди понуда која не вклучува ДДВ.
Доколку се работи за понуда од физичко лице, во рамки на горе наведената сума потребно е да се пресмета и персонален данок.
Забелешка: Доколку физичкото лице кое аплицира е ДДВ обврзник, ве молиме нагласете го тоа во финансискиот предлог.
Потребни документи за аплицирање на повикот:
За правни лица:
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
- Портфолио;
- Референтна листа на претходни слични ангажмани;
- Финансиски предлог-нето износ, без ДДВ.
За физички лица:
- Биографија на лицето;
- Референтна листа на претходни слични ангажмани;
- Финансиски предлог-нето износ и износ на персонален данок.
Селекција и бодување
Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ќе го избере извршителот на отворен повик. Процесот на евалуација ќе биде спроведен преку оценување на:
- Технички критериум-(комплетна и навремено доставена техничка документација) не се бодува туку се евидентира со “да” или “не”, појаснето во точка 5-Потребни документи. Апликациите кои се технички неисправни и евидентирани во евалуацијата со НЕ, ќе бидат дисквалификувани, односно нема да бидат оценувани од комисијата за евалуација.
- Портфолио со вклучена референтна листа на претходни слични ангажмани-се оценува бројот на проекти вклучени во портфолиото кои се од иста или слична област, со максимум 20 поени.
- Финансиски предлог-се оценува висината на вкупната сума на понудата и рокот на важност на понудата со максимум 20 поени.
Достава на апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на info@srmamk.com со наслов:
Понуда за изработка на информативни материјали, не подоцна од 31.08 (23:59) 2023 год. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени во предвид.
Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ќе го извести избраниот апликант не подоцна од 01.10.2023 год.
Во случај кога понудувачот е одбран, истиот се обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавка.
Измена и дополнување на документацијата
Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите го задржува правото да ја измени и дополни документацијата поврзана со повикот, за што веднаш ќе ги извести сите понудувачи.
Поништување на постапката
Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите го задржува правото да го продолжи рокот и/или поништи постапката за доделување на набавката ако:
- Не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива или соодветна понуда,
- Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на барателот на понудата,
- Настанале непредвидени промени во буџетот на барателот на понудата,
- Избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот,
- Други услови за кои барателот на понудата соодветно ќе информира.